Промени тема
За нас
Претрес во кочанската болница и противпожарна бригада - разговор со обвинетиот обезбедувач Захариев
Претрес во кочанската болница и противпожарна бригада - разговор со обвинетиот обезбедувач Захариев

ВМРО-ДПМНЕ: Жерновски 30 години нема ништо направено добро за државата, а исто толку години е и во политиката

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 седмица -

Македонија
920541_573957962634478_1877160628_o

Внук на бугарски кмет, неуспешен политичар, неуспешен дипломат, самопрогласен амбасадор, човек без кичма, став и достоинство, измеќар на Заев и Филипче – Андреј Жерновски, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

— реклама —

„Овој човек без грам кредибилитет пред да говори за тоа кој говори вистина, а кој лага, треба прво сам да се погледне во огледало. Тој е истиот оној кој лажеше дека трибина од стадион кај и да е ќе падне, па еве 15 години по тоа уште стои. Како пред 15 години, така и денес – лаже. Истата шема, истите лаги, истите луѓе.

— реклама —

Жерновски е човек кој 30 години нема ништо направено добро за државата, а исто толку години е и во политиката. Прелетач од ЛДП во СДС, само затоа што така му нареди Зоран Заев. Затоа и денес жестоко го брани Филипче, затоа што така му има наредено Заев.

— реклама —

Во однос на предлогот за конзул на Душан Адамовиќ, доаѓа од амбасадорот на Македонија во Белград именуван уште од времето на владата на СДС и ДУИ. Дополнително, споменатото лице ги исполнува сите критериуми за негово поставување за конзул.

До следната лага искажана од СДС, Жерновски или Филипче, ги потсетуваме дека се опозиција во Македонија, не во Србија“, велат од партијата.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања