„Претрес“ на Јаневска: Штанцање на закони, купување дипломи, ниска култура, (не)писменост, политика
„Претрес“ на Јаневска: Штанцање на закони, купување дипломи, ниска култура, (не)писменост, политика

ВМРО-ДПМНЕ: Животот дојде за оние кои ги испумпуваат буџетски средства

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија

„Борбата на ова генерација е со црнилата кои надвиснаа над Македонија, црнила олицетворени во криминалната и одродена власт на аболицираниот Заев.  Истиот оној Заев кој со 81 глас во Собранието го погази гласот на 2 милиони граѓани, Заев кој го промени името, идентитетот, јазикот и историјата на македонската држава и сопствениот народ. Борбата на генерацијата е со црнилата на Заев,  кој насила ја турка двојазичноста во Македонија и Законот за јазици кој е спротивен на македонскиот Устав.

— реклама —

Промената на името и двојазичноста се хипотеки на Заев заради кои доби власт без изборна победа и со погазување на волјата на граѓаните. Заев не им вети на граѓаните променето име на државата, Устав, двојазичност. Заев не им вети црнила на граѓаните, не им вети повисоки давачки кон државата, криминални тендери и грантови, Кацарска судство и Рускоска обвинителство.

Животот дојде за малкумина од врхушката на власта и СДСМ, оние кои ги испумпуваат буџетски средства, оние кои се богатат на грбот на македонскиот граѓанин и се одржуваат на власт благодарение на поразите кои и ги нанесуваат на Република Македонија.

— реклама —

Предвремените парламентарни избори се единствен начин на кои што македонските граѓани можат да ги поразат црнилата олицетворени во криминалната и одродена власт на чело со аболицираниот Заев. Граѓаните на предвремените парламентарни избори ќе ја донесата зората, ќе ја дадат поддршката на ВМРО-ДПМНЕ, поддршка за вистински реформи, проекти, нови работни места, подобар животен стандард за граѓаните, подобро здравство и образование, во Република Македонија“, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања