Промени тема
Контакт
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,

ВМРО ДПМНЕ: Зоран Заев е директно виновен за евентуално недобивање на датум за почеток на преговори

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија

СДСМ три години ја уништува државата. Република Македонија е жртва на неодговорноста, криминалот и корупцијата на власта.  СДСМ со своето владеење ја загрози европската иднина на државата.  Зоран Заев е директно виновен за евентуално недобивање на датум за почеток на преговори. Наместо на реформи и унапредување на системот, Заев се фати за криминал, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.

— реклама —
— реклама —

Република Македонија треба да добие датум за почеток на преговори заради иднината на државата и граѓаните. Но СДСМ во секој случај треба да си замине. СДСМ не е способна да ги преземе реформите кои се нужни, ниту пак може да ја придвижи државата напред.  Зоран Заев наместо на државата своето владеење го посвети на семејството Заев. Наместо на реформи, се посвети на милионите кои ги вртат семејните фирми.

— реклама —
— реклама —

Со СДСМ и Заев на чело Македонија само доживува неуспеси. Потребни се предвремени парламентарни избори час поскоро, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања