Промени тема
Контакт
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,

ВМРО ДПМНЕ: Зоран Заев е единствениот  премиер кој се што вети излажа, еве дел од тоа што вети а не исполна

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија

Зоран Заев е најголемиот  измамник. Македонија до сега се соочила со човек кој неспособноста и алчноста ги покривал преку трговија со највисоките национални и државни интереси. Зоран Заев е единствениот  премиер кој се што вети излажа. Заев излажа дека ќе изгради 550 километри нови магистрални патишта и 1100 километри локални патишта. Нови патишта нема, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.

Заев излажа дека младите по завршувањето на своето образование ќе може да бираат дали сакаат да се вработат, доедуцираат или да поминат низ обука за преквалификација. Младинската гаранција како што ја нарече е најголемата лага за младите.

Заев излажа дека земјоделците ќе имаат зелена нафта. Зелена нафта нема. Има само ваучери од 500 денари кои им беа поделени само на 50.000 земјоделци, пари со кои не може да се стави нафта во машините да отидат од нива  до бензинска.

— реклама —

Заев излажа дека ќе има загарантиран откуп и високи откупни цени за земјоделските производи. Загарантиран откуп нема, а цените се ниски.

— реклама —

Заев излажа дека ќе ги покачи пензиите. Три години Заев ги нема покачено пензиите.

Заев излажа 2016 година. Заев  лаже и сега. Заев се надева дека граѓаните ќе наседнат на неговите лаги.

— реклама —

Заврши времето кога граѓаните веруваа на лагите на Заев. На 12 април и самиот Заев ќе увиди дека лагите не му поминуваат, а за последиците од лажењето ќе има време да размислува во опозиција. Бидејќи од 12 април почнува обновата на Македонија со ВМРО-ДПМНЕ, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања