Промени тема
Контакт
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието

ВМРО ДПМНЕ: Зоран Заев не смее да го продава македонскиот јазик и идентитет

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија

Заев се богати и се обидува да се избори за уште една амнестија за криминалот, а Македонија ја плаќа цената. Власта предводена од Зоран Заев, Оливер Спасовски, Никола Димитров и Радмила Шекеринска во период на здравствена и економска криза крие и релативизира важни документи. Бугарија ја користи неспособноста, криминогеноста и алчноста на Заев и го условува членството на Македонија во ЕУ со почитување на договорот што ги потпиша СДСМ, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.

Со овој документ се подриваат темелите на македонската држава, македонскиот јазик, македонската историја и македонскиот народ.

— реклама —

Власта предводена од СДСМ не се интересира ниту за здравјето на граѓаните, ниту за државата.

Релативизирајќи ја новонастанатата ситуација со бугарскиот документ, ставајќи го проблемот под тепих, СДСМ прави голема штета на граѓаните и државата.

— реклама —

До кога Заев и неговите соработници ќе го игнорираат ова прашање?

Последиците од политиките на СДСМ и Заев ќе бидат долгосежни.

Заев гледа само како да се спаси од одговорност за криминалот, ништо друго не го интересира.

Затоа ВМРО-ДПМНЕ повикува на разум, државнички однос и заеднички договор за ова прашање.

Затоа ВМРО-ДПМНЕ предлага на претстојната лидерска средба покрај за состојбата со здравствената и економска криза како приоритет, да се разговара и усогласи заедничка стратегија како одговор на условувањата на Бугарија. Воедно треба да се постават основи за  заеднички усогласена надворешна политика, како и стратегија за национална безбедност. Тоа треба да бидат документи со кои ќе се обврзни сите идни Влади, е вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.

фото: Архива

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања