Промени тема
За нас
Ударно
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи

ВМРО ДПМНЕ: Зоран Заев се срами од Република Македонија

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија

Зоран Заев се срами од Република Македонија. Исплашен и во нервоза цело интервју не смееше да го изговори името Македонија, па стотина пати го повтори новото име кое го донесе против волјата на граѓаните, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.

— реклама —

Стравот на Заев беше очигледен и кога не смееше да зборува за Македонците во Грција, ниту за нивното постоење, ниту за тоа на кој јазик зборуваат.

Зоран Заев покажа вчера зошто не смее да биде премиер на Република Македонија, затоа што се срами од сопствената држава и народ.

— реклама —

Власта повеќе од две години ја урнисува економијата и ги осиромашува граѓаните. Нема пари за граѓаните, но затоа бизнисите на Заеви цветаат.

Над 500.000 граѓани живеат во сиромаштија, а возниот парк на Заеви е исполнет со возила од марките Бентли и Мерцедес Мајбах.

Граѓаните едвај врзуваат крај со крај поради неспособноста на власта, а Заев ставил розеви очила и ги лаже граѓаните дека црното е бело.

Зоран Заев мора да си замине. Република Македонија не може понатаму со Зоран Заев, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања