Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

ВМРО-ДПМНЕ: Зошто јавното обвинителство ја штити од одговорност Катица Јанева?

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија
382730

Во Република Македонија владее рекетарска, корумпирана и криминална влада. Со СДСМ и Заев секој бизнисмен или обичен граѓанин е жртва или може да стане жртва, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Јавноста мора да знае кои се Кики и Фрики од рекетарската приказна објавена во медиумите и дали овие лица се високи претставници во СДСМ како што се зборува во јавноста и само поради тоа се амнестираат од одговорност?

— реклама —

Зошто јавното обвинителство ја штити од одговорност Катица Јанева?

Дали во нејзиниот мобилен телефон се пронајдени дополнителни докази кои утврдуваат нејзина директна вмешаност и зошто за неа се уште нема мерка притвор поради можност за влијание на сведоци од позиција на специјален јавен обвинител?

— реклама —

Зоран Заев знаеше за ова криминално дејание од страна на Јанева и само поради тоа жестоко се спротивставуваше за нејзиното разрешување.

Јавното обвинителство мора да направи детална и сериозна истрага кој се е вмешан во ова криминално и корумпирано СЈО, бидејќи само апсењето на Боки 13 и Зоран Милески Кичеец е чин  на замолкнување на вистината и барање на одговорност на вистинскиот виновен во оваа рекетарска приказна.

— реклама —

СЈО, СДСМ и Заев ја девалвираа правната држава и институциите.

Овој скандал не може да помине така. Правото и правдата мора да важат подеднакво за сите.  Секој кој што се огрешил пред законот мора да одговара.

— реклама —

ВМРО-ДПМНЕ бара веднаш проширување на истрагата и притворање на Катица Јанева поради можност за бегство, влијание врз сведоци од позиција на Специјален јавен обвинител и уништување на докази.

Правото и правдата мора да владеат во Република Македонија, а тоа е можно само доколку криминалниот картел наречен СДСМ и Заев си заминат од власт и веднаш распишат предвремени парламентарни избори“, се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања