Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

ВМРО ДПМНЕ: Зошто Шилегов новиот купувач освен градска куќа по багателна цена ќе го части со гратис државно земјиште и нула денари комуналии?

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Скопје
irena

Проблемот не е тоа што градската куќа е фрлена на страна, туку тоа што постои сомнеж дека Шилегов е фрлен на провизии и криминали.

Шилегов кој инаку треба да биде Градоначалник на сите Скопјани со објаснувањето дека градската куќа била фрлена на страна и затоа ја продава, изврши поделба и навреда на граѓаните, делејќи ги на ониe кои се близу центарот и сите останати кои како што вели тој се фрлени на страна,истакна Ирена Попова, советник во Советот на Град Скопје.

Но која е вистината?

— реклама —

Зградата зад мене е одалечена само стотина метри од Владата на Република Македонија, и 400 метри од плоштадот „Македонија“. Што значи дека проблемот не е далечината туку тоа што Шилегов е фрлен на сомнеж за провизии и криминал.

Јавно прашуваме дали е точно дека новиот купувач на градската куќа однапред се знае?

Времето ќе покаже дали се вистина тврдењата дека Шилегов има направено веќе бонбона бизнис со една компанија од странство?

— реклама —

Дали е точно дека веќе во игра е зградата на поранешното ЕСМ, и дали се во прашање провизии?

Зошто Шилегов новиот купувач освен градска куќа по багателна цена ќе го части со гратис државно земјиште и нула денари комуналии?

— реклама —

И дали со тоа што Шилегов дополнително инвестираше 3 милиони евра за финализирање на градската куќа, за која сега вели дека е промашен проект, не го оштети буџетот со цел да оствари корист за новиот купувач?

Наместо криење од јавноста, очекуваме одговори.

Две години Шилегов.

— реклама —

Две години лаги, криминал и неработа, истакна Ирена Попова, советник во Советот на Град Скопје.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања