Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

ВМРО-ДПМНЕ: Кога правдата тропа караванот лае, но не лае за џабе туку да го прекрие трагот, газдата да не се крие зад караванот

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 10 месеци -

Македонија
media-libraryn3ugtfmiffgkek0Fi1u

ВМРО-ДПМНЕ реагираше на последните соопштенија на СДСМ, оценувајќи дека станува збор за конфузни и панични обиди да се заштити криминалот на поранешниот премиер Зоран Заев. Од партијата наведуваат дека СДСМ и Венко Филипче се „заглавени во минатото“ и живеат во „паралелни универзуми“, иако државата е на прагот на 2026 година.

— реклама —

Според ВМРО-ДПМНЕ, стравот кај раководството на СДСМ, а особено кај Заев и Филипче, преминал во параноја, што резултирало со, како што велат, нејасни и противречни партиски реакции. Во соопштението се тврди дека Заев се обидува да примени „стари шеми преку нови инсталации“, посочувајќи го Филипче како негов извршител.

— реклама —

Партијата отвора прашања околу финансирањето на политичките активности на СДСМ, прашувајќи колку средства биле вложени и со каков удел учествувал Филипче. ВМРО-ДПМНЕ ја обвинува СДСМ за долгорочна, како што ја нарекуваат, опседнатост со Србија, поврзувајќи ја со активности и кампањи од минатото, како и со наводно преземени идеи и слогани од соседството.

Во реакцијата се наведува дека, за разлика од периодите на владеење на СДСМ, актуелните односи на Македонија со соседните земји се коректни и се водат исклучиво од државниот интерес. Од ВМРО-ДПМНЕ оценуваат дека опседнатоста на СДСМ со соседите „бара сериозен третман“.

— реклама —

Дополнително, партијата прави споредби меѓу луксузниот начин на живот на Зоран Заев и поранешната српска функционерка Дијана Хркаловиќ, посочувајќи на медиумски написи за скап имот, јахти и луксузни недвижности.

— реклама —

„Од што се плаши Зоран Заев и што знае Венко Филипче, како и што е тоа што Катица Јанева го знае, а за СДСМ претставува ноќна мора“, прашуваат од ВМРО-ДПМНЕ, додавајќи дека јавноста заслужува одговори.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryeuq4jrnkcll31UrbjKu

„За Алта банка Савески да почне од Мицкоски и Славески – сметките и трансакциите мора да се испитаат веднаш“, вели СДСМ

Македонија | пред 6 часа

— реклама —
media-library3aajff2mnjk379UVxvN

„Постојат ли 80 милиони евра во Алта банка Битола и во кое својство преговара Мицкоски?“, велат од СДСМ

Македонија | пред 1 ден

media-libraryvosnvn9kcs6604GYNY3

„Славески, имаш уште малку време да го пријавиш Мицкоски, потоа ќе биде касно!“, вели СДСМ

Македонија | пред 1 ден

media-librarymg9pbfsb39nqdl0fWU1

СДСМ: Ги поддржуваме војниците – ќе поднесеме законско решение за нивните барања

Македонија | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања