„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

ВМРО ДПМНЕ:Шилегов наместо да гради, кради по план, зад бетонската тврдина на кровот на ГТЦ стои план за ресторан близок до власта

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Скопје
gtc

 Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ на Град Скопје изразува загриженост поради урбаното дивеење и узурпирање на таканаречениот зелен кров на ГТЦ и сето тоа под одобрение на Петре Шилегов.

— реклама —

Практично бетонската тврдина која никна на кровот на ГТЦ е нова бизнис зделка на власта, каде објект поголем од предвидената зелена површина треба да служи за ресторан и истиот според неформални сознанија треба да припадне на лица блиски до Шилегов и Власта. Празната и популистичка флоскула на Шилегов "градиме по план" значи крадиме по план. Бизнис моќници од угостителскиот бизнис блиски до Шилегов стојат зад бетонската градба на ГТЦ. И додека Шилегов и неговите лееа крокодилски солзи за спас на ГТЦ сега истите го сквернават за свои бизнис интереси градејќи бетонска тврдина на самиот кров. Шилегов глумеше нервозен полицаец кога граѓанин направи штета на неколку цевки на зелениот кров кој беше во градба и објавуваше видеа, а сега кога се гради бетонска тврдина среде ГТЦ се прогласува за ненадлежен.

Неговата купи ден помини политика излегува на површина. Површноста, незнаењето и арамилукот на Шилегов и дружината го загрозуваат Скопје и ГТЦ. Бараме итно обелоденување што се крие зад бетонската тврдина на ГТЦ, дали позади тоа стои бизнис интерес на познат скопски угостител близок до Шилегов и Власта и кој е процентот и провизијата за таквата зделка?

— реклама —

2 години Крадоначалник Шилегов, 2 години лаги, криминал, неработа, се вели во соопштението од Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ на Град Скопје.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања