ВМРО-Народна партија смета дека почетокот на полицискиот час од 16:00 часот е многу рестриктивен период за кој не знаеме какви ефекти ќе донесе

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
vmro_np

ВМРО-Народна партија во принцип ги поддржува заложбите за порестриктивни мерки во борбата со корона вирусот - КОВИД-19, но во исто време и го задржува правото да бидеме критични за што поуспешно справување и остварување на заедничката цел, се вели во соопштението од ВМРО НП.

— реклама —

Сметаме дека одлуката за уште порестриктивен полициски час кој ќе почнува од 16:00 часот си има одредени слабости:

— реклама —

Прво, во контекст на борбата, скратувајќи го времето на граѓаните да можат да ги извршуваат своите елементарни обврски (банка, маректи, аптека) се создаваат поголеми метежи, а на тој начин се отвора поголема опасност од ширење на заразата.

— реклама —

Второ, економскиот, а воедно и општествениот живот во државата каде времето е многу нерационално избрано, така што за огромен број на работни луѓе ќе мора да се кратат смени и работното време, а да не зборуваме каков удар ќе биде тоа за земјоделците и сточарите чија работа воопшто не зависи од работно време.

За жал мораме да констатираме дека и покрај досегашните рестриктивни мерки, какви-такви, автобусите на јавните превозници но и халите на фабриките се преполни со луѓе и работници.

Затоа ВМРО-Народна партија смета дека почетокот на полицискиот час од 16:00 часот е многу рестриктивен период за кој не знаеме какви ефекти ќе донесе но дека сигурно ќе може да го наруши основниот економски ритам на животот.

ВМРО-Народна партија ја обновува својата идеја дека е подобро да запре функционирањето на целата држава во рок од две недели со работа, па ако треба истата мерка да се продолжи за една недела тотален карантин, со што сигурно би имало поголем ефект отколку сегашната рестриктивна мерка, се вели во соопштението од ВМРО НП.

фото: Архива

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања