Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK

ВМРО-Народна партија упати искрено сочувство до семејствата на загинатите патници

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија
ljubco_georgievski

ВМРО-Народна партија упатува искрено сочувство до семејствата на загинатите патници од автобусот кој вечерва се преврти покрај автопатот Тетово – Скопје.

— реклама —
— реклама —

„Во овие тешки моменти како за нивните роднини и пријатели така и за сите граѓани на Македонија упатуваме апел до сите без разлика на вера, нација и политичка определба да го почитуваат овој траорен ден без ситни потфрлувања и иронични мислења за тоа како и врз база на што се случила несреќата. За тоа ќе се погрижат надлежните институции, а тоа што ние најмалку можеме да го направиме е да сочувствуваме со нашите сограѓани, другари, роднини, а на повредените да им посакаме брзо заздравување.

— реклама —

ВМРО-Народна партија упатува голема благодарност до сите надлежни екипи но и луѓето кои несебично излегоа на лице место и помогнаа во извлекувањето на настраданите во вечерашната несреќа“, се вели во партиското соопштение.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања