Промени тема
Контакт

ВМРО-Народна партија за бугарскиот план: Оваа позиција не можеме да ја разбереме

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
ljubco

„ВМРО-Народна партија оценува дека со вчерашната одлука на бугарскиот парламент со кој се поддржа францускиот предлог и даде согласност да се тргне ветото кон Македонија, не само што се отвора патот на Европската интеграција на државата туку и дефакто денешната ја поништува претходната одлука на бугарскиот парламент на која беше донесена познатата рамковна позиција за Македонија“, вели партијата на Љубчо Георгиевски.

— реклама —

Тие додаваат:

— реклама —

„Со која рамковна позиција да се потсетиме Северна Македонија требаше самата да објави дека „македонскиот јазик и македонската нација потекнуваат од 1945 година, а пред тоа биле бугарски“. Според тоа ВМРО-Народна партија смета дека францускиот предлог е еден голем напредок во корист на нашата држава и за тоа сакаме посебно да го поздравиме преговарачкот тим на Република Северна Македонија.

— реклама —

ВМРО-Народна партија смета дека францускиот предлог треба да претрпи одредени корекции но исто така повикуваме нашата држава да не ја испушти оваа шанса.

— реклама —

Во таа насока посебно сме непријатно изненадени дека кај најголем дел од противниците на францускиот предлог сеуште сметаат дека најголем проблем е внесувањето на бугарите во македонскиот Устав. Оваа позиција не можеме да ја разбереме и навистина сакаме да споделиме дека тоа не само што не е проблем туку е и голем исчекор за Македонија“.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања