Промени тема
Контакт
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења

ВМРО-Народна: Заев зборуваше храбро за македонската историја

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
ljubco

Во врска со вчерашнто интервју на премиерот Зоран Заев за бугарската информативна агенција „Бгнес“, ВМРО-Народна партија сака да изрази поддршка за храброста со која зборувал Заев за македонската историја.

Партијата на Љубчо Георгиевски смета дека, за жал, она што македонската историографија требало да го отвори во изминатите три децении на демократија, сега еден политичар во функција на премиер радикално ни го соопштил.

— реклама —

„Сите работи што ги зборуваше г. Заев согласно со објективната историја и во согласност со најголем дел од книгите извадени од македонскиот Архив се точни, а тоа што многу од македонските граѓани се шокирани, само зборува колку македонското општество било индоктринирано. Особено ме збунува фактот за острите тонови од страна на ВМРО-ДПМНЕ, партија што ја внесе идејата за пријателство со Бугарија и објективизирање на македонската историја во раните 90-ти години и ги направи најголемите чекори за приближување со таа држава“, наведува партијата на Георгиевски.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања