Промени тема
Контакт
Отворена сцена, музика, забава, подароци, разговори со Некст тајм, Пејчиновски, Кировски, Везилка 2
Отворена сцена, музика, забава, подароци, разговори со Некст тајм, Пејчиновски, Кировски, Везилка 2

ВМРО НП бара јавно да се обелоденат имињата на фирмите кои го правеле проектот и ревизијата за автопатот Кичево - Охрид

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
avtopat

ВМРО-Народна партија реагира во контекст на дискусијата за склучувањето на трет анекс-договор за дополнително финансирање на изградбата на автопатот Кичево – Охрид во висина од 180 милиони долари, се вели во реакцијата од ВМРО НП.

Не можеме да разбереме како може да постојат проекти кои притоа државата ги одобрила, а 70% од проектите се воделе како погрешни.

— реклама —

Оттука ВМРО-Народна партија бара јавно да се обелоденат имињата на фирмите кои го правеле проектот, имињата на фирмите кои ја правеле ревизијата на проектот и проектантите кои учествувале во проектирањето притоа да објаснат во што е проблемот со целокупниот проект.

Истотака бараме имињата кои ќе бидат јавно објавени, преку образовниот систем да се наложи на сите образовни институции кои се занимаваат со оваа проблематика да ги учат како пример за тоа како не треба да се работи, се вели во реакцијата од ВМРО НП.

— реклама —

фото: Архива

— реклама —

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања