ВМРО НП бара намалување на мерките и отворање на границите

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
vmro_np

ВМРО-Народна партија најпрво сака да констатира дека Република Македонија со одлуките на Комисијата за заразни болести ги има во моментот најригорозните мерки во Европа за влез и излез од државата на сопствените граѓани но и граѓани на други држави.

— реклама —

Сметаме дека овие мерки стануваат помалку апсурдни кога едноставната анализа на бројки ни покажува дека многу побезбедно е да се оди во Тирана отколку во Чаир, или во Софија отколку во Штип, се вели во соопштението од ВМРО НП.

— реклама —

Оттука македонските граѓани се подложни на двојна изолација, едни се мерките на другите држави кои им забрануваат влез кај нив, а со ист интензитет се и мерките на нашата држава. Така што дефакто испаѓа дека македонскиот граѓанин е денеска најизолиранот граѓанин во Европа.

— реклама —

Затоа ја повикуваме Комисијата за заразни болести сериозно да ги преиспита овие одлуки особено што во цела Европа сега е тренд на олабавување на мерките и отварање на границите. Ваквата изолираност сериозно може да наштети на економијата на Македонија, но и кога ќе почнат туристичките бранови да не ги тераме туристите да бараат други патишта, комуникации и повторно непотребно да ја изолираме Македонија, се вели во соопштението од ВМРО НП.

фото: Архива

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања