ВМРО НП: Кога веќе ја цепкаме Македонија по етничка линија, Владата да не информира кои се сопствениците на првите 100 најпрофитабилни фирми во Македонија по национален состав

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
vmro_np

Во врска со идејата на одредени политички партии македонската Влада да субвенционира работни места по етничка основа, ВМРО-Народна партија смета дека претходно треба се обезбедат два податока, прво да се направи попис во кој точно ќе се утврди кои се етничките малцинства во Македонија на кои би се однесувал таквиот предлог и што ако застапеноста на македонците е паднато под 50%, се вели во соопштението од ВМРО НП.

— реклама —

И второ кога веќе ја цепкаме Македонија по етничка линија сакаме Владата да ја информира јавноста за тоа кои се сопствениците на првите 100 најпрофитабилни фирми во Македонија по национален состав, ние сме длабоко уверени дека македонската нација учествува со многу мал процент во првите сто најпрофитабилни фирми, а ако се повтрди тоа ќе бараме со Закон да им се овозможи на македонците да бидат сопственици според процентуална застапеност, се вели во соопштението од ВМРО НП.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања