Промени тема
Контакт
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието

ВМРО НП: Македонија успеа да го одржи зацртаниот правец уште од осамостојувањето - ги заокружи стратешките заложби за нејзина Европска и НАТО интеграција

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
vmro_np

ВМРО-Народна партија во овие тешки моменти за Македонија им ја честита издржливоста но и упорноста на нацијата да истрае во напорите да излезе како победник од предизвиците со кои се соочува години наназад, се вели во соопштението од ВМРО НП.

Можеме слободно да заклучиме дека во овие тешки моменти Македонија успеа да го одржи зацртаниот правец уште од осамостојувањето односно да ги заокружи стратешките заложби за нејзина Европска и НАТО интеграција.

— реклама —

Жртвата која нацијата ја поднесе за да дојде до реализација на овие стратешки цели е преголема па затоа оваа голема победа ја посветуваме токму на македонскиот народ, на сите оние кои придонесоа за нејзино насочување на патот до интеграциите но и на сите кои го дадоа животот за таа да биде суверена и уште посилна во иднина.

Веќе денеска мораме да се насочиме кон борбата против кризата со која се соочуваме и со што помалку последици да извојуваме победа и во оваа и не така мала битка, за да од утре се концентрираме на предизвиците и реформите кои ги носи токму процесот на пристапување во Европската унија, се вели во соопштението од ВМРО НП.

— реклама —

фото: Архива

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања