ВМРО НП: На денешен ден, од страна на „пробугарската“ платеничка, тетовчанката Мара Бунева беше убиен Велимир Прелиќ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
Mara-Buneva-715x400-1

Во последниов период некои политички партии се претворија во рубрики од типот „на денешен ден пред многу години. ВМРО-Народна партија следејќи го овој најнов тренд на македонската политичка сцена сака да даде и свој придонес. На денешен ден, 13 јануари од страна на „пробугарската“ платеничка, тетовчанката Мара Бунева беше убиен Велимир Прелиќ, голем хуманист, почитувач и заштитник на македонците, се вели во соопштението од ВМРО НП.

— реклама —

Во продолжение на истото се додава:

— реклама —

Господинот Велимир Прелиќ беше испратен од страна на кралот Александар Караѓорѓевиќ да го заштити македонскиот национален идентитет и да го прошири македонскиот јазик во училиштата.

— реклама —

Велимир Прелиќ исто така потсетува за „убавото време на Македонија“ меѓу двете светски војни, како што е запишано во целата наша историографија, на големите слободи и хармонија во која се живееше во истиот цел тој период се додека таа македонска еманципација не ја прекинаа бугарските окупатори.

Затоа ВМРО-Народна партија предлага да се подигне споменик за овој познат миротворец, затоа што семето кој тој го има посадено во Македонија очигледно фатило цврста почва па затоа денеска ние се чувствуваме повеќе како наследници на неговото отколку на делото на сите негови жртви.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања