Промени тема
Контакт
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења

ВМРО НП: Неможеме да сфатиме зошто на овој состав историчари предводени од почитуваниот професор Ангел Димитров им пречи придавката „македонски“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
make-bugarska-komisija

ВМРО-Народна партија со внимание ја следи работата на заедничката Комисијата за историски прашања и жали што не се изнаоѓа решение кое ќе ги задоволи двете страни и затопли односите помеѓу двете држави. Во таа насока ВМРО-Народна партија смета дека последниот проблем кој изникна од заедничката Комисија за историски прашања, а тоа е употребата на придавката „македонски“ навистина ја прави ситуацијата помалку ирационална па дури и трагикомична, се вели во соопштението од ВМРО НП.

Тие во истото додаваат:

— реклама —

Неможеме да сфатиме зошто на овој состав историчари предводени од почитуваниот професор Ангел Димитров им пречи придавката „македонски“ кога во целата бугарска историографија во последните 150 години придавката „македонски“ е максимално присутна и ја има скоро во секоја бугарска историска книга која се занимава со македонското прашање не навлегувајќи во тоа што тие подразбираат под зборот „македонски“.

— реклама —

Дека ситуацијата оди во ирационален правец само ќе потсетиме дека има и такви институции кои во бугарската историографија инсистира на зборот „македонски“, а македонската пак историографија воопшто и не сака да слушне на тие места за зборот „македонски“ па еве неколку примери: Македонски врховен комитет, Македонска патриотска организација, Македонски братства, Македонски научен институт, Македонски преглед (весник), Македонско ополчение, Македонска единаесетта дивизија, Македонски културен дом.

— реклама —

Ова се само неколку од многуте примери кои го потврдуваат моментот дека дискусијата веќе добива и комичен карактер ако ги иземеме секојдневните негативни емоции кои растат од ден на ден помеѓу граѓаните на Македонија и Бугарија.

Се надеваме дека историчарите во иднина нема да создаваат нови пробелми таму каде што ги нема, а дека ќе ги решат на прифатлив начин таму кај што реално постојат.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања