Промени тема
Контакт
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења

ВМРО НП: Пред 76 години на овој ден беа стрелани повеќе стотици македонски партизани, загрижени сме од молкот на сите оние историчари

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
ljubco

Овие денови пред 76 години се сличија настани кои се спомнуваат под името „Крвав Божиќ“ во кои беа стрелани повеќе стотици македонски партизани. Стрелањето беше спроведено и организирано од страна на југословенскиот титоистички систем со помош на македонски извршители, се вели во соопштението од ВМРО НП.

— реклама —

Во продолжение на истото од партијата додаваат:

— реклама —

ВМРО-Народна партија искажува голема загриженост од молкот на сите оние историчари, колумнисти и фејсбук автори кои во последните месеци секојдневно не известуваа за стрелани поединци од страна на про-фашистичките сили.

— реклама —

Со овој молк за овие масовни убиства само потврдуваме дека сеуште сме многу индоктринирано општество во кое предмет на поделба се дури и жртвите.

— реклама —

А исто така како народ не знаеме да се оддолжиме на тие македонски партизани кои идејата за самостојна Македонија сакале да ја остварат во 1945 година.

Уште еднаш не сакаме да погледнеме дека нашата историја е заробена во југословенската матрица дотолку што не разбираме дека со самото тоа што молчиме и не ги расветлуваме тие настани им даваме за право на некои наши соседи истите тие настани да ги присвојуваат.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања