Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Владиката Петар: Томосот, кавгите, тарифите, парите за ТВ, политиката, контроверзиите Гледај на LANDOV.MK

ВМРО-НП: За некои „комшии“ и нивните испади целото општество се мобилизира, а за други колективно се правиме дека не гледаме

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Македонија

ВМРО-Народна партија се придружува кон сите осуди во однос на истакнувањето на знамето со мотиви на т.н „Голема Албанија“ и изливите на великоалбанскиот шовинизам во Република Северна Македонија кои беа демонстрирани при посетата на косовскиот премиер Албин Курти.

— реклама —

dobivaj vesti na viber

„Меѓутоа исто така ВМРО-Народна партија не може да не ја подвлече општествената хипокризија на таканаречениот едностран македонски патриотизам каде за некои „комшии“ и нивните непринципиени испади целото општество се мобилизира, а за некои други колективно се правиме дека не гледаме и премолчуваме.

— реклама —

— реклама —

Само ќе потсетиме дека пред неполни десет дена во Штип по повод 120 години од Српската окупација на Македонија, под македонско знаме и пред македонски претставници српски државен секретар Република Северна Македонија ја нарече „Стара Србија“ и „јужна Србија“, а македонците, срби кои ги ослободиле во балканските војни“, соопшти ВМРО-НП.

„А завчера пак во Крагуевац по истиот повод беше отворена изложба за истиот настан, годишнина од „Брегалничката битка“ во која сите државни преставници повторно не нарекуваа „Стара Србија“, а македонскиот народ српски кој бил ослободен по балканските војни.

Трагедијата да биде уште поголема таму беше најавено дека во септември во Битола ќе биде отворена истата изложба за т.н. „ослободување на Македонија“, кое впрочем претставува и почетокот на најтешката окупација во историјата на Македонија, односно времето на српската окупација.

— реклама —

Затоа ВМРО-Народна партија бара од сите одговорни институции и општествено повикани интелектуалци да престанат со еднонасочното шиканирање на одредени соседи, а да се замижува пред шовинизмот на некои други наши соседи, притоа очекуваме од претседателот на државата Стево Пендаровски бидејќи е директно надлежен за скандалот во Штип, таму да ги спроведе сите казнени мерки и да ги земе на одговорност сите поединици кои дозволија во центарот на Северна Македонија да не наречат „Стара Србија“, а македонците и македонскиот народ, срби и српски“, се додава во соопштението на ВМРО-НП.

Макфакс

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања