ВМРО НП: Затворање на сите државни и приватни работни места со исклучок на оние кои се витални за функционирањето на државата

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
vmro_np

Со оглед на новонастаната ситуација која станува се покомплицирана и од аспект на ширење на вирусот но и од аспект на падот на економијата, ВМРО-Народна партија ја предлага следната мерка:

— реклама —

Затворање на сите државни и приватни работни места со исклучок на оние кои се витални за функционирањето на државата.

— реклама —

За имплементација на оваа предлог-мерка која би траела од 27 март до 21 април, предлагаме принцип на споделено финансирање и три чекори од кои:

— реклама —

  1. Секој вработен ќе биде должен првата седмица да ја земе од својот одмор.
  2. За втората седмица сите вработени ќе добијат неплатен одмор од пет дена.
  3. А третата седмица ќе биде платена како субвенција од буџетот на Македонија.

На овој начин сметаме дека ќе добиеме 25 дена општ прекин на движењето во Македонија и ќе се приближиме до идеалниот карантин или изолација.

Да речеме дека во моментов имаме ирационална состојба, имаме полициски час во 21 часот, а од друга страна имаме полни автобуси и полни фабрики каде што луѓето се во постојан ризик и лесно можат да го пренесат вирусот.

Исто така со оваа мерка најмногу ќе и помогнеме на економијата која во овој момент е во своевиден хаос, а и ќе се спречи отпуштањето на илјадници вработени во Македонија.

фото: Архива

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања