Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

ВМРО НП:ДУИ и ВМРО ДПМНЕ е главни виновници за тоа што немаме попис во Македонија

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
vmro_np

ВМРО-Народна партија ја следи иницијативата на ДУИ за промена на изборните граници по изборни единици. Сакаме да потенцираме дека ДУИ нема ниту морално ниту политичко право по два основи да го поставува ова прашање, се вели во соопштението од ВМРО НП.

— реклама —

Најпрвин, како што се сеќаваме, заедно со ВМРО-ДПМНЕ се главни виновници за тоа што немаме попис во Македонија, а без попис можеме само од око да цениме која изборна единица е поголема, а која помала.

— реклама —

Второ, ДУИ беше најголемиот противник на иницијативата Македонија да биде една изборна единица.

ВМРО-Народна партија тогаш јасно ги повикуваше албанците дека во тој случај тие најмногу ќе добијат со тоа, затоа што ќе се корегираат сите неправилности кои произлегуваат од бројот на гласачите по изборните единици.

— реклама —

Така што за оваа иницијатива беспредметно е да се разговара особено поради фактот дека не е исполнет основниот услов по кој би можеле да се прекројуваат изборните единици, се вели во соопштението од ВМРО НП.

— реклама —

фото: Архива

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања