Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK

ВМРОД-ДПМНЕ: Власта не ги врати 600.000 иселени како што тврдеше, туку бројот на иселени го зголеми

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија

СДСМ ги излажа младите. Младите се понижени и без перспектива. Оваа власт не знае и нема идеја како да го подобри животот на младите луѓе, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

— реклама —

„Младите си заминуваат повеќе од кога било. Најавуваната младинска гаранција е огромна лага. Власта не само што не ги врати 600.000 иселени како што тврдеше, туку и бројот на иселени го зголеми.

— реклама —

СДСМ ветуваше дека ќе ја намали младинската невработеност и ќе ги врати младите во државата. Откако СДСМ е власт, нема направено ништо за задржување на младите во државата, а младите уште повеќе се иселуваат.

Младите се најголема жртва на оваа власт. Нема подобрување на условите за младите, а условите за студирање никогаш не биле полоши.

— реклама —

Додека СДСМ се фали со бројки на хартија, граѓаните се повеќе тонат, државата е завиена во црнила.

СДСМ нанесе само штета врз државата и граѓаните. СДСМ мора да си замине. Потребни се итни и неодложни парламентарни избори“, се наведува во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања