Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

Внатрешна контрола гони полицаец: Без причина удрил приведено лице во Градски парк

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Скопје
media-libraryntk5gaho89asfudYycD

Министерството за внатрешни работи поднесе кривична пријава против полициски службеник од Полициската станица Центар, осомничен дека без основ употребил физичка сила врз приведено лице на кое рацете му биле врзани со лисици.

— реклама —

Од МВР соопштија дека Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди до Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција поднел кривична пријава против А.Т. поради сомнение дека го сторил кривичното дело „малтретирање во вршење на службата“.

— реклама —

Според информациите, инцидентот се случил на 24 мај 2026 година, околу 2:53 часот, кај фонтаната во Градскиот парк на булеварот „Илинден“, додека полицаецот преземал службени дејствија кон лице лишено од слобода.

— реклама —

„При вршење на службени дејствија кон лишено од слобода, на кое рацете му биле врзани со лисици, без основ употребил физичка сила и му задал удар во грбот. Со наведеното дејствие тој постапил на начин со кој се понижува човековото достоинство и личност“, соопштија од МВР.

— реклама —

Освен кривичната пријава, Одделот за внатрешна контрола ќе поднесе и предлог за поведување постапка за утврдување одговорност поради кршење на работната дисциплина против полицискиот службеник.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryb84o1iapvvk51d1I1Yi

Напади врз сопруги, деца и членови на семејството: Десет пријави за семејно насилство

Македонија | пред 4 часа

— реклама —
media-libraryp3s5jsmgm8jg0VTruJD

Лажни пораки во име на „Безбеден град“ за казни, МВР открива како да ги препознаете

Македонија | пред 4 часа

media-librarytgu6ftghk9oa3gosXEJ

Народната банка спровела четири нивоа на проверки пред давањето согласност за преземањето на Стопанска банка АД Битола од страна на Алта банка од Србија, тврди Славески

Македонија | пред 5 часа

media-libraryl83rfetao1pedcgre47

Шест возачи приведени за безобѕирно управување со возило, четворица немале возачка дозвола

Македонија | пред 5 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања