„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Внимавајте крадец пустоши низ Карпош!

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија

— реклама —

— реклама —

Технички софистициран крадец пустоши низ станови во скопската општина Карпош. Во изминатите два месеца мета му биле повеќе од 30 станови. Влегувал и си заминувал без никаков проблем. Крадел во станови кои претходно ги имал маркирано, дознава „Слободен печат“.

Пленот кој го зел крадецот е вреден над 40.000 евра. За овој „експерт“ новите кодирани брави и блиндор – врати не се никаков проблем. Ги отвара за десетина секунди, без никој да го слушне. Истражителите, како што дознаваме, кои со недели се мачат да го фатат на дело, велат дека од поодамна се немаат соочено со ваков „професионалец“ во својата област. Токму тие тврдат дека овој крадец е толку внимателен во тоа што го работи, што не остава зад себе ни ДНК трага, пишува Слободен печат.

Последната серија кражби се извршени во големиот нов станбен блок на булеварот „8 Септември“ во Тафталиџе 1.

– Во оваа зграда има обиено над 10 станови. Сите станови имаат нови брави и врати. Бравите се заштитени со клучеви кои мајсторите ги нарекуваат „К2“. Станува збор за брава која се отвара со еден калаус клуч додека станот е во изградба. Кога сопственикот ќе го добие станот, добива и сет од пет клучеви. Штом еден клуч од сетот се стави во бравата, се активира заштитниот систем и може да се отвори само со клуч од сетот. Барем така ни беше речено. Но, ете за крадците нема проблем ни оваа брава – вели станарка на зградата, која од ненајавената посета на крадецот, ја спасило чиста среќа.

Како што дознава „Слободен печат“ истражителите имале сомненија за едно лице како можен сторител на низата кражби, но велат дека тешко им оди обезбедувањето докази за да може пријавата да биде несоборлива.

Тексто во целот на: Слободен печат 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања