Ниските температури ги носат и првите проблеми. Патиштата на низ Македонија почнуваат да замрзнуваат. Возачите низ групи на социјалните мрежи се предупредуваат меѓусебно за зголемена внимателност.
Утрово, состојбата не е сјајна на скопската обиколница пред Орман. Има и сообраќајка.
“Патот е замрзнат кај мостот, внимателно”, стои во апелот.
Проблеми има и во Охрид.
“Се лизга од Косел до Опеница, подмрзнато е”, алармира друг возач.
Во Македонија со зимата дојдоа и минусните температури.