„Претрес“ на Бранко Героски: Моќта, новинарството и линијата што се преминува
whT3mom746w

Во 02 часот и 43 минути зачука срце, се направи првата трансплатација на срце во Македонија во Државна Кардиохирургија!

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
srce-1

Доцна во ноќта додека градот спиеше во 02:43 часот зачука срце.....Во Република Македонија, на Универзитетската Клиника за Државна Кардиохирургија се направи ПРВА ТРАНСПЛАНТАЦИЈА на СРЦЕ !! Вредните раце и паметните глави на нашите врвни стручњаци на чело со Проф. Др. Сашко Јовев, во оваа вонредна состојба направија чудо....испишаа историја !! Во услови на пандемија, во услови на страв, во услови на безнадежност ... победи хуманоста и љубовта. Победи цената за сите оние непреспиени ноќи над книга, победи секоја солза и тага за загубен живот, победи вистинска посветеност, да се биде ! Хируршкиот тим со извонредна професионалност, прецизност и внимание го изведе ова ремек дело, a кога би ги претвориле сите оние милиметарски потези во ноти, во операционата сала број 2, оваа ноќ свиреше симфонијата "Живот" !

— реклама —

Честитки Господа, напиша на својот ФБ профил д-р Кристијан Бундовски, специјализант по васкуларна хирургија. 

— реклама —

Инаку дел од тимот специјалисти беа професор д-р Александар Николиќ кардиохирург од Клиничката болница „Аџибадем Систина“ и шефот на Одделот за анестезија д-р Димче Славески, специјалист по анестезиологија со реаниматологија од „Аџибадем Систина“ која беше изведена во текот на ноќта на Клиниката за кардиохирургија во државниот Клинички центар.

Проф-д-р Николиќ кој има 30 годишно искуство во оваа област, впрочем е и единствениот доктор кој работи во здравствена установа во земјата, а има зад себе искуство од вакви интервенции. Самиот бил дел од три тимови за трансплантации на срце.

Донор на срцето е почината пациентка чие семејство се согласило срцето да го добие друг пациент кој веќе долго време чека донор.

 

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања