Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

Во 2023 година Мицкоски и ДПМНЕ не направија ништо за граѓаните, блокираа и кочеа, смета СДСМ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Македонија
384754836_871472544341483_1508962166847449224_n

„На крајот на 2023 година ќе остане забележано дека Мицкоски и ДПМНЕ не направија ништо добро, ништо корисно, буквално ништо за граѓаните и државата“, велат СДСМ.

Тие додаваат:

— реклама —

„Цела 2023 година ДПМНЕ и Мицкоски ја кочеа државата и ги блокираа законите во Собранието кои се од интерес на сите граѓани.

— реклама —

Дури и во Извештајот на ЕК јасно беше посочено дека ДПМНЕ и Мицкоски се кочничари на реформите, на напредокот и европскиот пат.

Иако имавме успешен скрининг, иако имаме огромна меѓународна поддршка и отворени врати во ЕУ, не продолжува со отворањето поглавја поради блокадата на европскиот пат од страна на ДПМНЕ и Мицкоски.

— реклама —

Тоа е истата партија којашто се противеше на членството во НАТО.

— реклама —

Бројни закони во интерес на граѓаните беа блокирани од страна на ДПМНЕ во македонското Собрание.

Блокадите и кочењата на европската иднина на државата ќе го доживеат финалниот пораз на изборите во годината што доаѓа“.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања