Промени тема
Контакт
Најнова епизода Стефан Николовски на „Претрес“: Тони, Тино, Атанас, Љутков, политичарите и „тајните“ зад сцената! Гледај на LANDOV.MK

Во 24 часа во Скопје, осум сообраќајни незгоди, 26 возачи исклучени од сообраќај, 80 мандатни платни налози

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Скопје
mvr1

Во текот на изминатиот ден (22.01.2019 ) на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Скопје се случиле вкупно осум сообраќајни незгоди од кои седум сообраќaјни незгоди со телесни повреди и една со материјална штета. Во сообраќајните незгоди 10 лица се здобиле со телесни повреди. Од преземените мерки и активности констатирано е дека 41 возач управувале возила со брзина поголема од дозволената.

— реклама —
— реклама —

Од сообраќај се исклучени 26 возачи од кои: тројца возачи поради тоа што управувале возила под дејство на алкохол, 20 затоа што управувале возила без да се стекнат со право за управување на моторно возило и тројца возачи затоа што биле возачи-почетници. Исто така исклучени од сообраќај се и 14 возила бидејќи биле нерегистрирани.

— реклама —

Санкционирани се шест возачи поради поминување на крстосница на црвено светло, четири возачи поради недавање првенство на минување на пешаци, еден возач поради неправилно престројување, тројца поради непоседување зимска опрема, тројца возачи поради неносење сигурносен појас при управување на моторно возило и тројца возачи поради користење на мобилен телефон при управување на возило. Во текот на изминатиот ден издадени се 80 мандатни платни налози и 75 возила се подигнати со специјално возило "пајак".

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања