„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Во Белград се снима филм за пејачот Роби Вилијамс

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Магазин
robi-viljams

Филм за британскиот пејач Роби Вилијамс се снима во Белград. Музичката ѕвезда се игра себеси во овој биографски филм, а актерот Јоно Дејвис, кој го толкува во неговите помлади денови, моментално престојува во Србија.

— реклама —

Како што пишуваат српските медиуми во студиото во Крњача два дена се снимала сцената од концертот на познатиот пејач кој се одржа во 2003 година, а на сетот имало повеќе од 2.000 статисти.

Како што претходно објавија медиумите ширум светот, популарниот пејач имал големи проблеми да најде актер кој ќе ја игра неговата помлада инкарнација. Како што објави „Сан“, Роби Вилијамс на почетокот на годината на концертот по повод снимањето на биографскиот филм на публиката во арената „Род Лејвер“ во Мелбурн и кажал дека не е сигурен во изборот на актер кој ќе го игра помладиот Роби Вилијамс, но потврди дека ќе се игра самиот.

— реклама —

Медиумите веќе успеаја да добијат дел од сценариото. Во него ќе има „Секс, дрога и рокенрол“. Роби призна дека нема да дозволи неговите четири деца и сопругата Ајда Филд никогаш да го гледаат овој филм.

„Тие нема да знаат ништо за овој проект. Нема да им биде дозволено да го видат, бидејќи во спротивно ќе треба да дадам одговори на многу прашања. Ако дознаат, ќе се правам како ништо од тоа да не се случило, тоа е уметничката слобода на режисерот, не е документарец“, објаснил Вилијамс.

Англискиот актер Јоно Дејвис е роден во Честерфилд, најпознат е во Велика Британија и САД по улогата на Алекс Деларџ во претставата „A Hell’s Orange“, а се појави и во филмот „Kingsman“ и серијата „Hunters“. Во мај 2022 година, беше објавено дека Дејвис ја добил улога на британскиот пејач Роби Вилијамс, а филмот е планиран да излезе во 2023 година.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

robi-viljams

Концертот на Роби Вилијамс во Истанбул откажан поради безбедносни причини

Свет | пред 3 месеци

media-library9tsp3mpe1j9606i0iyX

Бугарски полицајци со Google Translate изнудиле мито од возачите на камионите за турнејата на Роби Вилијамс

Свет | пред 3 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања