Двајца здравствени работници-сопружници од Берово по позитивен тест на корона по повеќе од 48 часа биле примени во болница, при што жената на 57-годишна возраст починала откако и се искомплицирала здравствената состојба, објави Фактор.
Нејзиниот сопруг е во добра здравствена состојба, а позитивен на Ковид-19 е и нивниот син кој е без симптоми.
За помош на семејството во тек е хуманитарна акција за собирање парични средства, бидејќи се работи за исклучително пожртвувани здравствени работници.
Во Берово заклучно со денешниот ден има 8 активни случаи кои се позитивни на Ковид-19.
извор: Фактор.