Во Битола се чествуваше патронот на градот Св. Нектариј Битолски

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
DSC_6444

Со свечена литургија посветена на Свети Нектариј Битолски,  утринава започна одбележувањето на патронот на градот. На литургијата присуствуваше градоначалничкат ана Општина Битола м-р Наташа Петровска, претставници од Советот на Општина Битола и голем број верници храмот Свети Великомаченик Димитриј во Битола.

— реклама —

— реклама —

По литургијата, се одржа литија, а поворката тргна од црквата Свети Великомаченик Димитриј, движејќи се по улицата „Кирил и Методиј“, покрај НУУБ „Свети Климент Охридски“, до хотел „Епинал“, а продолжи низ „Широк Сокак“ враќајќи се до црквата Свети Великомаченик Димитриј.

— реклама —

Точно на пладне, градоначалничката имаше средба со Митрополитот Преспанско – Пелагониски и администратор Австралиско – Новозеландски Господин Петар. На средбата, тие разговараа за теми од општествениот живот, кои имаат заеднички допирни точки и за иоптината и за црквата.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања