На Клиниката во Битола моментно се хоспитализирани 8 пациенти позитивни на ковид-19, изјави денеска директорката на Клиничката болница во Битола, Билјана Гагачовска. Според неа, сите пациенти се од охридско-струшкиот регион, додека од Битола засега нема хоспитализирано пациент позитивен на ковид-19, објави Нова Македонија.
– Во моментов на Клиниката во Битола се хоспитализирани 8 лица позитивни на ковид- 19, кои што се наоѓаат во средно-тешка состојба. Двајца пациенти се на кислородна поддршка, но нивната состојба е стабилна – рече Гагачовска, која притоа нагласи дека во текот на вчерашниот ден на Клиниката во Битола биле хоспитализирани вкупно 7 лица, но не биле сите позитивни.
Текстот во целост на: Нова Македонија