Во борбата против коронавирусот, бесплатен онлајн стриминг на „Прашина“ на Манчевски

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Магазин
1400168949

— реклама —

Поради вториот бран на коронавирусот во земјава и во пресрет на веќе воведените препораки како да се заштитиме, в петок на социјалните мрежи ќе биде споделен вимео линк на кој бесплатно ќе може истата вечер онлајн да се проследи играниот филм „Прашина“ во режија на Милчо Манчевски. Линкот и деталите ќе бидат споделени на официјалните страници на режисерот на фејсбукинстаграм и твитер.

— реклама —

„Прашина“ е второто филмско остварување на Манчевски од 2001 година во кое главните улоги ги играат Џозеф Фајнс, Дејвид Венам, Адриан Лестер, Роузмари Марфи, Ен Броше, Николина Кујача, Владо Јовановски, Петар Мирчевски и Јосиф Јосифовски, а музиката ја потпишува Кирил Џајковски. Директор на фотографија е оскаровецот Бери Екројд.

Приказната се распостила на два континента и низ три столетија, и во неа балканскиот див исток се судира со американскиот див запад, видено од призма на современиот Њујорк. Прашина, под мотото „Каде ли ти оди гласот кога веќе те нема”, е апотеоза на исконската потреба да се раскажува приказна и да се остави трага зад себе. Во САД ја следиме братската борба за љубовта на една жена, а на Балканот борбата на еден револуционер против Отоманската империја. Филмот е предмет на бројни културолошки анализи, есеи и расправи и на научната конференција на Универзитетот во Лајпциг во 2002 година, со што дополнително ја потврдува својата (уметничка, естетичка, културна) вредност.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања