Промени тема
Контакт
ВО ЖИВО ОД ОХРИД: Антонија Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков, музика,смеа,подароци
ВО ЖИВО ОД ОХРИД: Антонија Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков, музика,смеа,подароци

Во Брисел средба Шекеринска - Волис: Потпишан нов Договор за соработка во одбраната со Обединетото Кралство

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
MO-Sekerinska-Brisel_3

По вчерашната сесија на Северноатлантскиот совет, министерката Шекеринска имаше одвоена средба со министерот за одбрана на Обединетото Кралство, Бен Волис.

  Министрите Шекеринска и Волис потпишаа нов Договор за соработка во одбраната помеѓу Северна Македонија и Обединетото Кралство, документ кој ќе го замени постојниот Договор за билатерална соработка од 2007 година и се согласија дека овој договор ќе овозможи уште поблиска и посеопфатна соработка помеѓу две пријателски и сојузнички земји и армии.

— реклама —

 „Исклучително го цениме фактот што сте посветени и помагате во трансформацијата на нашата Армија. Со новиот Договор за одбранбена соработка нашата одбранбена соработка ќе прерасне во соработка на две сојузнички земји“, рече министерката Шекеринска на средбата.

— реклама —

  Министерот Волис изрази задоволство што процесот до полноправно членство на нашата земја во НАТО е во самиот финиш и посочи дека Обединетото Кралство интензивно го поддржува развојот и реформите во одбраната и Армијата.

— реклама —

  Северна Македонија и Обединетото Кралство имаат исклучително интензивна соработка во областа на одбраната особено во доменот на одбранбената политика, мировните операции, обуките и вежбите, а во последните неколку години и во делот на советодавната помош во развојот и реформите на одбранбениот сектор, имплементацијата на Стратегискиот одбранбен преглед и развојот на Лесната пешадиска баталјонска група, како единица декларирана во рамките на Алијансата. Од 2017 година, Велика Британија има упатено неколку советници за одбранбени прашања во Министерството, а во моментов бригадниот генерал Хју Лојд Џонс дава експертска поддршка на процесот на трансформација на Армијата и развојот на Лесната пешадиска баталјонска група.

фото: Архива

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања