Вонредни парламентарни избори во Велика Британија. Право на глас на изборите за 650 пратенички места имаат околу 46 милиони Британци. Главните ривали на изборите се владејачката Конзервативна партија на премиерот Борис Џонсон и опозициската Лабористичка партија на Џереми Корбин. Изборите се одржуваат две години пред редовните, откако на тоа инсистираше премиерот Џонсон, надевајќи се дека ќе освои апсолутно мнозинство и ќе ја изведе земјата од политичкиот ќорсокак околу Брегзитот.
фото: BiH Vijesti