Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Трифун Костовски: Нова партија, пропадната банка, масонство, старите пресметки
„Претрес“ на Трифун Костовски: Нова партија, пропадната банка, масонство, старите пресметки

Во буџетот за 2020 во општина Аерпдром - повеќе пари за образованието

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Скопје
budzet-1

Советот на Општина Аеродром на последната седница го изгласа буџетот за 2020 година во износ од околу 22 милиони евра.

Општина Аеродром во 2020 година ќе се фокусира на подобрување на условите во образованието, спортот, грижата за младите и за ранливите категории. Во буџетот се предвидени средства за изградба на нова детска градинка, за проширување на капацитетите на ООУ „Лазо Ангеловски“ со 4 нови училници и за реконструкција на спортската сала во ООУ „Димитар Македонски“. Во сите училишта ќе се постават фотоволтаици како еколошки извори на енергија и ќе се санираат објектите на училиштата и градинките, а во две училишта ќе се изградат лифтови за деца со посебни потреби. Исто така, ќе се набават смарт-табли и друга современа ИКТ-опрема за сите училишта, спортска облека за учениците од спортските клубови во сите училишта и нова опрема за спортските сали. Во 2020 година ќе се изградат и 20 нови детски игралишта.

— реклама —

Субвенциите за новороденчиња ќе се зголемат од 5 000 на 8 000 денари, за секое прваче ќе доделуваат по 3 500 денари, за најдобрите спортисти по 10 000, А ќе се покријат трошоците за обезбедување на училиштата и за ученичките униформи. Уште една новина што ќе се воведе во 2020 година е доделување субвенции за топол оброк за сите ученици. Финансиски ќе се поддржат здруженијата на граѓани за проекти што ја поттикнуваат грижата за животната средина и за социјално згрижување деца, а ќе се ангажираат и асистенти за ученици со посебни образовни потреби и асистенти по физичко образование за ученици од трето до петто одделение.

Една од главните ставки предвидени во буџетот за наредната година е заштита на животната средина и повеќе мерки за намалување на аерозагадувањето, за што се обезбедени дополнителни 27 700 милиони денари. Притоа, ќе се продолжи и со доделување субвенции за велосипеди, инвертер-клими и за чистење оџаци, како и за обнова на блоковското зеленило. Исто така, во програмата за паркови и зеленило се предвидени средства од 70 милиони за изградба на три нови парка во Мичурин, Стар Аеродром и Острово.

— реклама —

Во делот на инфраструктурата во буџетот се испланирани средства за санирање на сервисните улици во урбаниот дел, за довршување на комуналната инфраструктура околу новите згради и за изградба на нови пристапни улици, за поставување нови линии за осветлување, за реконструкција на краците на водоводната мрежа во Долно Лисиче и на фекалната канализација во Горно Лисиче, како и за нова атмосферска канализација.

фото: општина Аеродром

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања