Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

Во Бугарија питбул ја нападнал сопственичката, полицајците пукале во него, но ја погодиле и жената

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Балкан
media-library9ghmjv060n7t5llXuLs
unsplash

Драма во бугарскиот град Раднево: 51-годишна жена била нападната двапати од сопствениот питбул, а при вториот напад полицијата морала да употреби електрошокер и службено оружје. Кучето било усмртено, а жената се здобила со повеќе повреди.

— реклама —

Инцидентот се случил на 16 август, откако на телефонскиот број 112 било пријавено дека жена била нападната од куче. На местото пристигнале полициски службеници кои ја затекнале повредената жена и веднаш ѝ укажале прва помош. Питбулот бил фатен и врзан со поводник.

Ситуацијата повторно се влошила додека медицинската екипа ги обработувала повредите на жената. Кучето го скинало поводникот и се приближило до неа, но во тој момент не покажало агресивно однесување.

— реклама —

Меѓутоа, откако жената излегла од возилото на Итната медицинска помош, на околу десет метри од него, питбулот повторно тргнал кон неа. Ја соборил на земја и почнал да ја гризе.

— реклама —

Еден од полицајците се обидел да го запре нападот со електрошокер, но безуспешно. Бидејќи кучето не престанало да ја напаѓа жената, друг полициски службеник употребил службен пиштол и го усмртил животното.

Жената била пренесена во болница во Стара Загора, каде што била задржана на лекување. Таа има каснувања на зглобовите на двете раце, како и влезно-излезна огнестрелна рана на десната потколеница. Нејзиниот живот не е во опасност.

— реклама —

За целиот случај е отворено истражување под надзор на Основното јавно обвинителство во Стара Загора.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarydpqi2912p5fn4XnUYXr

Лажен лекар од Бугарија мамел пензионери во Хрватска: Им кажувал дека децата им се повредени, па им земал 66.250 евра

Свет | пред 1 ден

— реклама —
jabolka

Бугарија враќа 19 тони јаболка од Македонија поради зголемено количество пестициди

Балкан | пред 1 седмица

ilijana-jotova

Јотова победи на претседателските избори во Бугарија: „Господине Радев, без вас немаше да успееме“

Балкан | пред 1 седмица

media-libraryb9dli1v36cpnecj0Eyi

Бугарите денеска избираат претседател: Во трката Илијана Јотова и поранешниот премиер Андреј Ѓуров

Свет | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања