Во Царина ќе се седи на „позлатен“ мебел? Избрана понуда од 10 милиони за столици и бироа, отфрлена фирма која ќе ги набавела за 3,8 милиони

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
bogoev

Царинската управа ќе набавува столици поскапи и за 300% од вообичаената пазарна цена, преку договорот вреден над 10 милиони денари. Директорот во заминување, Стефан Богоев, успешно го заврши тендерот со кој набавува канцелариски мебел и кујна. Со него, Царина ќе добие нови канцелариски ротирачки столици на тркалца, конференциски столици, канцелариски бироа, конференциски маси, ормари и кујна.

— реклама —

На тендерот имало шест понуди, најниската понуда била 3,8 милиони денари. Не се познати понудите на другите фирми, но и дали учествувале на тендерот или биле отфрлени. Среќлија била фирмата „Макс флам“ од Чаир, која ќе го набави мебелот за Царинската управа. „Скопје1“ направи споредба на цените по кои фирмата која го доби тендерот треба да ги наплати производите, со цените за исти или слични производи на пазарот.

— реклама —

— реклама —

Најголемиот дел од набавката се канцелариски рото столици. Тие треба да имаат наслон, да се подесува висината на седиштето, механизам за навалување, пет тркалца. Фирмата успеала да се избори истите да ги набавува за 17.000 денари. Доколку се пребара на интернет, вакви столици можат да се набават во Македонија од 5.000 до 12.000 денари, а истите да бидат како во спецификацијата на Царина – со седиште од сунѓер, наслонот да биде мрежест штоф, а тркалцата да се гумирани.

Скапо ќе се платат и конференциските столици, кои на пазарот, според истата/слична спецификација се по цена од 3.000 до 6.000 денари. Царина, ќе ги плати 10.000 денари по парче, а треба да се набават 30 парчиња.

Бироата со фиоки и централни брави ќе се платат по 28.000 денари/парче. Односно, за нив, Царина ќе плати 3.8 милиони денари. Пазарната цена на вакво биро е од прилика од 12.000 до 15.000 денари, односно за 137 парчиња може да се плати и 1,7 милиони денари помалку доколку се водиме од малопродажните цени.

И нова кујна од два метри ќе се спрема за Царина. Таа е претставена и на илустрација, а ќе биде изработена од иверица, лесонит, кујнска плотна, ногарки и садопер со одвод и чешма. Иако нема ниту шпорет вклучен во цената, Царина ќе плати 159.000 денари за нејзина изработка.

„Скопје1“ упати прашања до Царинската управа за тоа што се случило со понудите на другите фирми, но и зошто не е избрана најниската понуда од 3,7 милиони денари. Оттаму очекуваме одговор.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 3 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 3 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 3 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 3 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања