Промени тема
Контакт

Во цел свет има недостаток на храна, и двојно повисоки цени, а земјоделците во струмичко нема на кој да ја продадат зелката, вели ВМРО-ДПМНЕ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
120190520_080044

Целосна неорганизираност на државата - Во цел свет има недостаток на храна, и двојно повисоки цени, а земјоделците во струмичко нема на кој да ја продадат зелката, вели ВМРО-ДПМНЕ

„Цените на ѓубривата се поскапи и за 300%, горивото е поскапо и за 70% во однос на лани, со тоа самото производство на зелка е двојно поскапо, но откупната цена наместо ланската 35 денари е 15 денари.

— реклама —

Што прави Николовски како министер во МЗШВ, и зошто не ги посети државите каде има недостаток од раноградинарски производи? Зошто не направи конекции за македонските трговци и не отвори нови пазари? Или е зафатен со расправии со новинари?

Неприфатливо е во ек на глобална криза за храна, да увезуваме скапа храна ј репроматеријали, а нашата храна да не може да се извезе зошто власта е неспособна.

— реклама —

Николовски исто како што отиде во Србија да договара пченица за реекспорт, да отиде и да договори откуп на зелка и други раноградинарски култури.

— реклама —

Незадоволството кај земјоделците е оправдано, и тие со моменталните политики на владата и нејзината неспособност се доведени до раб на опстанок“, се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања