Во чест на 8. септември во Париз се разгоре „Вечниот оган“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
ogan-pariz

Традиционалната церемонија на „Разгорување на вечниот оган“ беше организирана пред споменикот на непознатиот војник, под  Триумфалната капија во Париз по повод Денот на независноста на државава, јавува дописникот на МИА.

— реклама —

По завршувањето на традиционалната свечена поворка, составена од наши иселеници и француски пријатели, амбасадорката Јадранка Чаушевска Димов со симболичен гест го разгори вечниот оган пред споменикот на непознатиот војник во подножјето на Триумфалната капија.

— реклама —

Со овој чин на оддавање почит пред амблематичниот споменик на Франција,  Амбасадата на Република Северна Македонија го одбележа на Денот на независноста  во духот на пријателските односи меѓу двете земји.

— реклама —

Вечниот оган прв пат беше запален на 11 ноември 1923 година, а церемонијата на неговото разгорување се врши секој ден во 18:30 часот.

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања