Промени тема
Контакт

Во четири града, четири сообраќајќи со мотори, најтешко е повреден пешак во Куманово

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 11 месец -

Македонија
motor-18-

Црн ден за моторџиите низ државата. Во текот на 21 септември се случија четири сообраќајни несреќи во кои беа вклучени мотоцикли, при што повеќе лица се здобија со тешки телесни повреди.

Во Охрид, на улицата „7 Ноември“, 18-годишен возач на мопед „априлија“ од селото Лескоец е тешко повреден при судир со патничко возило „рено“.

На 21.09.2025 во 21:20 часот во СВР Охрид е пријавено дека на  улицата „7 Ноември“ во Охрид, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „рено“ со охридски регистарски ознаки, управувано од Б.Џ.(69) од Охрид и мопед „априлија“ со охридски регистарски ознаки, управуван од Н.З.(18) од охридското село Лескоец. Н.З. се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид. Увид на местото на несреќата изврши екипа на СВР Охрид.

Во Свети Николе, на крстосницата од улиците „Кочо Рацин“ и „Крсте Мисирков“, 33-годишен мотоциклист од Скопје е тешко повреден во судир со возило „пежо“.

— реклама —

На 21.09.2025  во 14:40 часот во Полициската станица Свети Николе е пријавено дека на крстосницата од ул.„Кочо Рацин“ и ул.„Крсте Мисирков“ во Свети Николе се случила сообраќајна несреќа помеѓу мотоцикл „хонда“ со скопски регистарски ознаки, управуван од А.К.(33) од Скопје и патничко возило „пежо“ со светиниколски регистарски ознаки, управувано од 50-годишната Е.Ѓ. од Свети Николе. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Клиничката болница Штип. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Свети Николе.

— реклама —

Во Куманово, на булевар „Трета македонска ударна бригада“, мотоцикл „бмв“ со швајцарски ознаки удрил во 74-годишен пешак кој се здобил со тешки повреди. Повредени се и возачот на моторот и неговата сопатничка.

-На 21.09.2025 во 20:35 часот во СВР Куманово е пријавено дека на бул.„Трета македонска ударна бригада“ во Куманово мотоцикл „бмв“ со швајцарски  национални ознаки, управуван од З.Б.(48) од Куманово, удрил во пешакот М.Д.(74) од Куманово. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Општата болница Куманово. Со телесни повреди се здобиле З.Б. и неговата 36-годишна сопатничка Л.Д. од Украина. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Куманово.

— реклама —

Во Битола, на крстосницата од улиците „Филип Втори Македонски“ и „Наум Наумовски Борче“, мотоцикл удрил во патничко возило „сеат“. Тешки повреди добила 50-годишна жена сопатничка на моторот, а полесно е повреден и возачот.

На 21.09.2025 во 14:58 часот во СВР Битола е пријавено дека на крстосница од ул.„Филип Втори Македонски“ и ул.„Наум Наумовски Борче“ во Битола се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „сеат“ со битолски регистарски ознаки, управувано од Г.Г.(44) од Битола и мотоцикл управуван од С.А.(22) од Битола. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила 50-годишната С.А. од Битола, која се превезувала на мотоциклот, а со телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Клиничката  болница Битола. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Битола.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

soobrakajka-bitola

Три лица тешко повредени во сообраќајка кај Струга

Македонија | пред 19 часа

— реклама —
media-library22ehvslmdm22arH0l94

53-годишен маж пронајден починат во дом во Аеродром

Скопје | пред 19 часа

media-libraryc2181cn5tifo2MkVzla

Семејни расправии во Тетово и Скопје: Полицијата приведе тројца, еден повикан на разговор

Македонија | пред 19 часа

semejno-nasilstvo

Приведен 48-годишник од Тетово откако ја нападнал сопругата

Македонија | пред 19 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања