Промени тема
Контакт
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието

Во четири очи зголемени кариохируршите операции за 35 проценти

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
operacija

Фондот за здравство во договорот „во четири очи“ ги зголемил цените на кардиохируршките операции кои што од пред неколку месеци се извршуваат во приватните болници во земјава за околу 35 отсто, тврди Алијанса за Албанците. Партијата отвора сомнежи околу оправданоста на повисоките цени. Арбен Таравари вели цената на една кардиоваскуларна операција ако пред договорот со Клиниката „Жан Митрев“ изнесувала 12 сега изнесува 16 илјади евра.

Според ценовниците објавени на веб страната на Фондот за здравство до ноември лани цената на кардиоваскуларна операција на деца до 18 години изнесувала 732 880 денари, а сега изнесува 997 350 односно за околу 4000 евра поголема од првичната цена. Изност за кардиоваскуларни процедури кај новороденчиња пак од 782 302 денари се зголемил на 1 124 559 денари или околу 6.000 евра повеќе.

— реклама —

Партијата бара случајот да го испита и обвинителството. Директорот на Фондот за здравство, Ден Дончев објаснува дека не станува збор за зголемување на цените туку за ревидирање на повеќе од 600 референтни цени кои не биле корегирани повеќе од 10 години.

— реклама —

Вистинското прашање, вели Дончев, е зошто партијата сега манипулира со оваа информација. Тој наведува дека во изминатите осум години за лекување во странство се одвоени околу 50 милиони евра најголем дел од овие пари се исплатени на болници во Турција.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања