Промени тема
Контакт
ВО ЖИВО

(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

Во четири скопски населби, запленети дрога и автомобили, Русковска вели засега нема осомничени полицајци во акцијата

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
ruskovska

Голема акција на МВР и Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција.  Во Грчец и Гази Баба, Чаир и Сингелиќ запленета поголема количина дрога, пари, автомобили и мобилни телефони. Неофицијално приведени се над 20 лица.

Обвинителката Вилма Русковска во изјава за медиумите кажа дека тие имаат докази дека приведените лица сториле кривично дело „недозволена трговија со опојни дроги“. Пред акцијата не е спроведена финансиска истрага, од страв дека акцијата може да биде пробиена, но од понеделник ќе следи и финансиска истрага.

— реклама —

„Цела година собиравме докази, имаше ПИ-мерки, слушање комуникации и следење. Приведени се 21 лице, тие се наоѓаат во повеќе полициски станици, а како што сум информирана, по одредени лица сѐ уште се трага“, истакна Русковска, која се надева дека утре ќе излезат на прес-конференција и ќе соопштат повеќе детали.

— реклама —

Русковска додаде и дека до сега нема осомничени полициски службеници, но понатаму ќе бидат вештачени одземените мобилни телефони и доколку се најде комуникација сигурно дека ќе бидат осомничени и овластени службени лица.

— реклама —

фото: Архива

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања