„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Во чии џебови завршија пари за инвеститорот да плати 285 денари за м2 за дел од улицата Есперанто, велат од Борба за Влае

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Скопје
borba-za-vlae

Иницијативата Борба за Влае вели дека Министерството за финансии направило грешка што ја приватизирало дел од улицата Есперанто, но и дека има сомнеж за корупција.

— реклама —

„Во однос на откритието дека инвеститорот од Кино Влае откупил дел од улицата вреди да се погледне што вели Законот за приватизација и закуп на градежно земјиште во државна сопственост:

„Градежното земјиште што е во општа употреба (јавни плоштади, улици, сообраќајници, паркови и јавно сообраќајни површини) и градежното земјиште што со актите за урбанистичко планирање со кои се утврдува градежната парцела е наменето за ДОБРО ВО ОПШТА УПОТРЕБА Е ВО ДРЖАВНА СОПСТВЕНОСТ И НЕ Е ПРЕДМЕТ НА ПРИВАТИЗАЦИЈА“.

— реклама —

Има исклучок од ова правило, но да се добие земјиштето кое е во функција на објектот на места каде се предвидени нови улици, за сопственикот да добие реална компензација.

Едноставно илустрирано: имате двор на куќа кој отсекогаш го користите, за куќата сте платиле комуналии во минатото, но во минатото не смеело да се приватизира земјиштето. Сега општината планира улица на дел од вашиот двор. За да добиете реална компензација од општината кога ќе ја прави улицата, вие имате право да го приватизирате сопствениот двор. Но вие немате право да приватизирате постоечка улица.

Сметаме дека Министерството за финансии направило грешка што ја приватизирало дел од улицата Есперанто. Да не речеме дека ова е сомнеж за корупција.

Дури и таа улица од врвни планерски дострели да мора да биде ставена во градежна парцела, треба да се откупи по цена за оформување парцела од 12.800 денари за м2, не да се приватизира како да биле нечиј двор од 285 денари за м2. Инвеститорот ако бил чесен требало да плати 162.000 евра наместо 3.500 евра! Во чии џебови завршија пари за тој да плати толку евтино?

Дополнително, исклучокот од Законот за приватизација се однесува на нови улици, не се однесува на улици кои постојат. Улици кои постојат НЕ СМЕАТ да се приватизираат.

Што е следно? И Партизанска била дворот на Кино Влае пред децении. И неа ќе ја приватизираат, па во следниот ГУП ќе ѝ менуваат траса?

Што сега откако тој ДУП е неважечки? Укинат е со Одлука У.бр.136/2017 на Уставен СУД на 9.јули 2018 година.

Ќе ја врати улицата од таму од кај што ја купил? Ќе ги врати парите?

Или ќе си седи така во приватна сопственост бидејќи еден ден може ќе му се погоди градоначалникот и советот да му изгласаат ДУП со парцела за неговите замислени кули?

ДУП-от за СЗ 19 - Влае 2 со парцела вцртана врз трасата на Есперанто НЕ СМЕЕ ДА ПОМИНЕ.

#БорбаЗаВлае

#БорбатаПродолжува“, стои во објавата.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 2 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 2 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 2 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања