Актерот Сашо Тасевски објави статус на социјалната мрежа фејсбук образложувајќи како што вели: „Еве зошто нема да не биде“.
Тасевски пишува: Во државава има илјада коцкарници. Шесто кладилници и четиристотини класични коцкарници. Тој бизнис нема да секне. Добивката на државата е ко да се партнери со газдите на коцкарници. 50 одсто и повеќе. Во бројки тоа се страшни суми на пари. Сите се коцкаат. Полнолетни и малолетни. Законот е само на хартија. Копиљ, средношколец, му дава на возрасен човек 200 денари за него, ако му ги уплати ливчињата. Влогот на тие ливчиња по петсто и илјада денари. Возрасниот вика: ми е гајле подобро ја да играм со неговите 200 денари отколку друг. Тотален ментален распад. Оние акции за затворање се само начин како да се уништат дивите коцкарници, ко што беше Детонатор, а не да се уништи коцкањето. Сите сме во тие гомна, ама појасно е кога ќе дојдеш до конкретни податоци за длабочината на срањето.
