Промени тема
Контакт

Во два дена Ковачевски од платата на секој човек зема 3.000 денари, тврди опозицијата

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
plta-333

Во два дена Ковачевски од платата на секој човек зема 3.000 денари, вели ВМРО-ДПМНЕ

„Во два дена со покачувањата на цените на горивата и храната и за 15 денари, Ковачевски уништи десетици илјади семејства, кои нема да знаат како да го поминат месецот.

— реклама —

Во само два дена, лебот, брашното и шеќерот се искачија на 60 денари, а маслото за јадење над 160 денари.

Основните намирници, за живот на граѓаните се енормно скапи, и на исто ниво како во земјите од Западна Европа, каде платите се и за 10 пати поголеми од тие во Македонија.

— реклама —

На ваквиот ценовен шок, кој се случи пред се затоа што Ковачевски не сака да се откаже од 50 милиони евра кои доаѓаат од покачената акциза, сега ќе му се приклучи ново поскапување, исто така во режија на Ковачевски, кое исто се готви во РКЕ под превезот покачување на цената на струјата.

— реклама —

Ковачевски и СДСМ буквално го прават животот на граѓаните се потежок и невозможен. Премногу е, протест за промени на 18-ти јуни во 20 часот пред влада“, се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања