Промени тема
Контакт
ВО ЖИВО

„Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот

Во живо „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Во еден ден во Скопје 12 сообраќајни незгоди во кои три лица се здобиле со тешки телесни повреди

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Скопје
soobrakajka-1

Во текот на изминатиот ден на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Скопје преземени се мерки и активности и констатирано е дека 23 возачи управувале возила со брзина поголема од дозволената. Од сообраќај се исклучени 21 возач од кои: 20 возачи затоа што управувале возила без да се стекнат со право за управување на моторно возило и еден возач затоа што бил возач-почетник. Исто така, исклучени од сообраќај се и 13 возила бидејќи биле нерегистрирани.

— реклама —
— реклама —
— реклама —

Санкционирани се шест возачи поради поминување на крстосница на црвено светло, шест поради недавање првенство на минување на пешаци, еден возач поради неправилно престројување, еден поради неправилно престигнување, тројца возачи на мотоцикли поради неносење заштитен шлем, 15 возачи поради неносење сигурносен појас за време на управување на моторно возило и 26 возачи поради користење на мобилен телефон при управување на возило. Во текот на изминатиот ден издадени се 73 мандатни платни налози и 47 возила се подигнати со специјално возило „пајак“. Изминатиот ден се случиле 12 сообраќајни незгоди во кои три лица се здобиле со тешки телесни повреди, а 10 лица поминале со телесни повреди.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања